LED Sign Controller (LSC) е нашиот програмибилен контролер за светлосни реклами. Може да контролира до 10 канали, а се програмира со едноставна апликација од било кој компјутер.
LSC програмер
Програмирањето се прави со следанта апликација:
Инсталирање
Видео инструкции за инсталирње:
- Екстрактирајте го спуштениот .zip фајл.
- Екстрактираната папка “lsc” сместете ја на било која локација. Пр: “D:\”
- Во папкатa “lsc”, со дупли клик пуштете ја програмата “create-shortcut.bat”. Ова ќе генерира кратенка на десктопот.
*доколку ја преместите папката “lsc” повторно ќе треба да ја пуштите “create-shortcut.bat”
Употреба видео пример
Канали
10-те канали се представени со иконите со светилки на горниот дел на апликацијата.
Иницијално сите канали се исклучени.
Со кликање на иконата, позадината се менува во жолта што значи дека тој канал е вклучен.
Пример после кликање на 1та 3та и 10та икона:
Рамки (Frames)
Рамките ги земаат состојбите на кналите и ги додаваат во конечната анимациска листа.
Прво е времетраење(Duration), кое доколку не се посочи поинаку е 1 секунда. ова поле прифаќа и децимали каде што минималната вредност е 0.001 секунда, односно 1 милисекунда.
После внесување посакуваната должина, можете:
- “Add” – додај нова рамка, со поставените состојби на каналите и времетраење
- “Change” – промени ја моментално селектираната, со поставените состојби на каналите и времетраење
- “Delete” – избриши ја моментално селектираната, моментлно поставените состојби на каналите и времетраење не се битни
Анимациска листа
Секоја новододадена рамка оди во оваа листа.
Пример празна листа, и една со 10 рамки:
Секоја рамка си добива по една линија. На втората слика последната рамка е селектирана. Кога ќе се селектира друга рамка, со кликање на линијата за таа рамка, индикаторите за каналите (светилките) и времетраењето, автоматси ги добиваат вредностите за таа рамка.
Доколку е селектирана рамка на средина, при додавање на нова таа оди после селектираната.
Под листата има копче “Play”, кое ја извршува анимацијата.
Анимација (Animation)
- “Save” – кога сте готови со анимацијата, можете да ја зачувате
- “Open” – отвори претходно зачувана анимација
- “New” – занемари ја сегашната анимација и почно од ново со празна
Програмирање (Upload)
За да се испрограмира контролерот треба да ла одберете точната COM порта. Ако контролерот не бил приклучен за време на пуштање на апликацијата, и го приклучете сега, апликацијата автоматски ќе ја селектира новопојавената COM порта. Дугмето “↻” ги превчитва COM портите (но не ја селектира точната). Кога сте сигурни дека ја имате одбрано точната порта кликнете на “Upload” по што контролерот ќе се биде програмиран.
Хардвер
За да се програмира LSC ќе ви е потребно USB кабел, кој се поврзува на USB конвертер, кој се приклучува на контролероот.
За програмирање контролерот, напојување на 12V ТРЕБА ДА Е ИСКЛУЧЕНО.
Кога се програмира ќе нема излез на каналите, за да се добие, потребно е да се поврзи напојување на 12V, ОТКАКО ЌЕ СЕ ИСКЛУЧИ ПРОГРАМАТОРОТ.